Насловна / Вести / Apple планира да го претстави својот прв електричен автомобил до 2024 година

Apple планира да го претстави својот прв електричен автомобил до 2024 година

Долго се зборуваше за можноста американската компанија Apple да развие сопствено патничко возило, а неодамна Reuters објави дека во 2024 година Apple ќе започне со производство на сопствени електрични возила. Ова возило ќе користи комплетно нова технологија на батериите чиј главен адут ќе биде драстично намалување на трошоците и зголемен домет на возилата. На овој начин компанијата е на пат да ги реши двата најважни проблеми со кои се соочуваат автомобилите на електричен погон. Според некои наводи, се истражува и можноста за употреба на т.н LFP (lithium ferrophosphate) батерии, кои помалку се загреваат и не содржат кобалт. Компанијата го започнала овој проект под името „Титан“ уште во 2014 година, кога се започнати и работите на дизајнот на автомобилот.

Исто како и за телефоните, и за производството на електричниот автомобил ќе биде ангажирана друга компанија.  Сепак, во зависност од развојот на настаните со пандемијата, можно е пролонгирање на зацртаната цел за 2024, на најмногу една година, односно до 2025 година.

На Илон Маск од компанијата „Тесла“ му требаа повеќе од 15 години пред да ја оствари првата добивка од производството на електрични возила, па многумина се прашуваат дали оваа инвестиција на Apple е исплатлива во прифатлив рок. Што се однесува до цените на автомобилот, а знаејќи ги цените на производите на Apple, не е тешко да се претпостави дека овој автомобил ќе биде достапен само за ограничен број на луѓе.

applecar1

applecar2

Испрати коментар

Scroll To Top