Во Тунис, во соработка со Италија, во тек е реализација на проектот Tresor, со кој ќе се овозможи прочистување на отпадните води, со цел нивно користење во земјоделството. Споменатиот проект се финансира во склоп на програмата за прекугранична соработка Италија – Тунис 2014-2020 година. Во него учествуваат низа италијански и туниски истражувачки установи, државни тела и тела од локалната самоуправа, како и компании.
Во склоп на проектот се промовираат и развиваат решенија за примена на природни и ефтини постапки за обработка на водата, односно прочистување на отпадната вода со помош на природни техники како што е фитопрочистувањето. Со тоа воедно се подобруваат врските помеѓу водостопанството, енергетиката и земјоделството и се промовираат начелата на циркуларната економија, гарантирајќи високо ниво на еколошка и економска одржливост.