Насловна / Архитектура / Трговски центар во Белград со многу природно светло

Трговски центар во Белград со многу природно светло

BEO Shopping Center е трговски центар отворен во јуни минтата година во Белград на локација кон која гравитираат 350 илјади жители. Покрај добрата локација и разноврсната понуда на брендови, BEO Shopping Center се одликува и со иновативен архитектонски концепт кој го карактеризираат отворени површини, широки ходници, многу природно светло и зеленило.

1

12

Трговскиот центар со висина од три ката зафаќа површина од над 130.000 квадратни метри, гаража со над 1.200 места за паркирање, како и 13 ресторани. Неговата понуда се состои од повеќе од 150 глобални и регионални брендови распоредени на површина од 43 илјади квадратни метри.

14

2

Проектантското биро Chapman Taylor’s од Диселдорф го креирало концептот и проектот на функционалната шема, додека канцеларијата на истото биро со седиште во Мадрид е проектант на ентериерот.

3

Архитектурата овозможува пријатна околина каде се чувствува допир со природата. BEO има пространи простории за одмор, уникатен дел за храна со две тераси, модерни ресторани, мултиплекс кино со 8 хај-тек сали за прикажување и безбедно и заштитено детско игралиште.

10

7

8

9

5

4

16

17

11

13

Испрати коментар

Scroll To Top