Насловна / Вести / Ушгули – највисокото село во Европа

Ушгули – највисокото село во Европа

На околу 2100 метри надморска височина, на планината Шара во Грузија, во регионот Сванети, се наоѓа „највисокото“ населено место во Европа – Ушгули.

selo

Ужгули е всушност заедница од четири помали села и во нив живеат околу 70 семејства, односно околу 200 жители.

Единствениот начин да се стигне до ова село е патот што води кон градот Лентехија, и тој често не е достапен. Во текот на летото, можно е да се стигне до највисокото село во Европа со автомобил, но во зима тоа обично не е можно. Снегот ја покрива целата област шест месеци во годината.

selo1

Сепак, на жителите на ова село тоа не им пречи. Тие се навикнати на условите во кои живеат. Децата одат во локалното училиште, а тука се и сите потребни институции за функционирање на селото, пишува National Geographic.

Посебно обележје на ова место е капелата од 12 век, изградена за време на владеењето на кралицата Тамар, а покрај неа има и неколку други градби на списокот на светско наследство на УНЕСКО, од кои одбранбените кули се особено карактеристични за Сванети – предел богат со историја.

selo2

Испрати коментар

Scroll To Top