Денес, со почеток во 12.30 часот во Музејот на град Скопје ќе биде отворена изложба со творештвото на Роберт Дандаров. Дандаров е еден од најзначајните македонски уметници кои живеат и работат во странство (Њујорк, САД).
Роберт Дандаров е еден од малкумината македонски уметници кои се афирмирани надвор од Македонија, а чие творештво не е презентирано на соодветен начин во сопствената земја. Од тие причини Музејот на град Скопје подготви и монографија (стр. 268; 150 колор фотографии; тираж 350 примероци) чиј автор е историчарот на уметност Емил Алексиев. Монографијата ќе биде промовирана на почетокот од следната година.