Големите јавни простори се места на собирање, дружење, одржување економски, социјални и забавни програми, пријателите меѓусебно се запознаваат и среќаваат, мешање на различни култури. Тие се „предните тремови“ на нашите јавни институции – библиотеки, школи, судови, па така успешноста на нивното просторно планирање е од голема важност.
Кога јавните простори функционираат добро, тие ќе служат како сцена за организирање на животот на граѓаните. Но, што е тоа што доведува до ситуации некои места да бидат успешни, а некои не? Примарните категории кои ја дефинираат оваа проблематика можат да бидат: пристапност и поврзаност, удобност и „сликата“ што ја создаваат, употребливост и активности, како и дружење.
Замислете дека во центарот на кругот (на сликата подолу) се наоѓа вам познато игралиште, плоштад или плато од вашето соседство. Преку овие четири категории, можат да се имплементираат низа прашања, кои на крајот јасно ќе го дефинираат успехот на тој јавен простор.
Пристапност и поврзаност
За достапноста на јавниот простор може да се говори врз основа на неговата поврзаност со околината, како во физичка, така и во визуелна смисла. До успешно организиран јавен простор се стига лесно и исто така минува низ него, а притоа е видлив и од далеку и од мала оддалеченост. Исто така е важно како се организирани периферните делови на просторот, како и тоа како е организиран околниот паркинг и дали има добар пристап до јавен превоз, пишува ArchDaily.
Прашања кои треба да се земат предвид кога се зборува за пристапност и поврзаност се:
Дали можете да го видите просторот од далечина и дали неговата внатрешност е видлива однадвор?
Дали постои добра врска помеѓу просторот и околните објекти или е опкружен само со празни sидови?
Дали жителите на соседните згради го користат просторот? Дали луѓето можат лесно да стигнат пеш до јавниот простор за кој станува збор? На пример, дали треба да трчаат помеѓу автомобилите што се движат за да дојдат до него?
Дали тротоарите водат од и до соседните подрачја?
Дали просторот е прилагоден за лица со посебни потреби?
Дали патеките низ просторот всушност водат до целните точки на движењето?
Дали луѓето можат да користат разни видови на превоз (автобус, автомобил, воз, велосипед и сл.) за да стигнат до јавниот простор?
Дали станиците за јавен превоз се наоѓаат во близина на дестинацијата во вид на објекти како што се библиотека и пошта или влез во парк и слично?
Удобност и „сликата“ што ја создава
Дали просторот е удобен за корисниците и дали се претставува позитивно, односно дали дава добра слика за себе, е од клучно значење за неговиот успех. Под удобност се подразбира безбедност на корисникот, чистота и достапност на места за седење.
Прашања кои ја дефинираат удобноста на местото и неговата „слика”:
Дали местото остава добар прв впечаток?
Дали има повеќе жени или мажи?
Дали има доволно места за седење?
Дали просторот за седење е соодветно организиран и дали луѓето имаат избор на места за седење, како во сенка, така и на сонце?
Дали просторот е чисти и без ѓубре?
Кој е одговорен за одржувањето и на кој начин се спроведува одржувањето и кога?
Дали тој простор внесува сигурност? Дали е присутно обезбедување и ако е, на кој начин работат и кога се на должност?
Дали луѓето се фотографираат на тоа место и дали постепено има многу можности за фотографирање?
Дали возилата доминираат во просторот во однос на пешаците или ги спречуваат лесно да стигнат до просторот?
Употребливост и активности
Активностите се основниот елемент на местото. Опцијата дека луѓето можат нешто да прават на одредена локација, им дава дополнителна причина да дојдат на некое место и да се вратат повторно.
Принципи кои би требало да се имаат на ум при проценка на употребливоста и активирањето на некое место:
Што повеќе активности кои траат што е можно подолго во кои луѓето имаат можност да учествуваат.
Потребно е да постои добра рамнотежа помеѓу мажите и жените.
Пожелно е луѓе од различни возрасти да го користат просторот. На пример, пензионерите и луѓето со мали деца можат да го користат просторот во текот на денот, кога повеќето други луѓе се на работа.
Просторот би требало да се користи во текот на целиот ден.
Просторот кој е погоден и за користење на поединци, како и за групи на луѓе, подобар е од простор кој е насочен само кон поединци, бидејќи на овој начин се создава место за собирање и дружење со пријателите, па атмосферата е повесела и позабавна.
Ефикасноста со управувањето
Последната одредница на успех на еден јавен простор е и ефикасноста со управување на местото.
Прашања кои ја дефинираат оваа категорија се:
Дали луѓето го користат просторот или е празен?
Дали го користат луѓе од различна возраст?
Дали луѓето во тој простор се во групи?
Колку различни видови активности се случуваат (дали луѓето на ова место шетаат, јадат, играат шах, фудбал или се опуштаат и читаат)?
Кои делови на просторот се користат, а кои не?
Посто ли избор за извршување различни активности?
Дали е присутен надзор над просторот или можете да утврдите дека некој е задолжен за просторот?
Социјализација
Оваа карактеристика тешко се постигнува, но кога еднаш ќе се воспостави, станува непогрешива погодност за успешност на просторот.
Прашања врзани за друштвеност, односно социјализација која местото ја пружа:
Дали е ова место кое би го избрале за средба со пријателите? Дали другите луѓе овде се состануваат со пријателите или на овие места случајно наидуваат на нив?
Дали луѓето се во групи? Дали разговараат меѓусебно?
Ви изгледа ли дека луѓето кои се во контакт се препознаваат по лик или се ословуваат со имиња?
Дали луѓето ги носат своите пријатели или роднини да го видат местото и со гордост им укажуваат на некои од неговите карактеристики?
Дали луѓето се смеат? Дали воспоставуваат контакт со очи?
Дали редовно го користат овој јавен простор по сопствен избор и желба?
Дали старосната и етничка комбинација генерално се рефлектира на просторот?
Дали луѓето на ова место кога ќе приметат ѓубре го собираат?
Звучи компликувано, но ако навистина се погледне малку подлабоко во оваа проблематика, прашањата кои се наметнуваат се сосема едноставни и логични. Такви би требало да бидат и јавните простори!