Насловна / Архитектура / Делумно потопен поморски центар

Делумно потопен поморски центар

Како дел од проектот за реконструкција и ревитализација на областа Рајнхавен, се планира и нова зграда со интересен дизајн на поморскиот центар во Ротердам. „Поморски центар Ротердам“ ќе се наоѓа во рамките на пристаништето, а за да зградата не изгледа премногу голема во однос на објектите во оваа област, дел од неа ќе биде под вода. Сепак, овие делови нема да бидат цело време под вода, поточно за време на плима и осека, видливоста ќе се промени над или под нивото на морето. Проектот е на холандската компанија Mecanoo.

pomorski

Зградата на поморскиот центар ќе се карактеризира со необичен облик на троен извор што треба да го симболизира минатото, сегашноста и иднината на меѓународниот поморски свет. Фасадата ќе комбинира метални и стаклени елементи. Објектот ќе се простира на површина од 15 илјади квадратни метри во чии рамки ќе бидат сместени деловни и логистички канцеларии, потоа ќе има простории за целите на научни истражувања, но и изложби, од кои некои ќе бидат под вода. За подводни изложби, индиректното осветлување идеално ќе се вклопи во кружните кровни прозорци што излегуваат над водата. За време на плимата и осеката, дел од зградата потопен под вода ќе стане видлив, од 1,5 до два метри.

pomorski1

Предвидено е во рамките на „Поморскиот центар Ротердам“ да има подводна галерија, која делумно ќе биде осветлена со прозорци на покривот што излегуваат над водата. Ќе се наоѓа во рамките на делот од зградата што ќе биде поплавен за време на плима, и видлив за време на осека. Зелениот покрив ќе биде јавен и достапен за сите граѓани. Заради добрата локација, зградата ќе биде поврзана со кејот, чија реконструкција е предвидена во рамките на проектот за овој дел од градот. Поморскиот центар ќе биде поврзан со мрежата на шеталишта долж крајбрежјето, но и со оние на вода.

Сè уште не е познато кога проектот ќе почне со реализација, но познато е дека работите за уредување и реновирање на Рајнхавен одат со предвиденото темпо.

pomorski2

Испрати коментар

Scroll To Top