Насловна / Арт и дизајн / Изложба во МСУ, „70те и 80те во македонската ликовна уметност“

Изложба во МСУ, „70те и 80те во македонската ликовна уметност“

Од 25 декември, па се до февруари следната година, во Музејот на современата уметност Скопје ќе биде отворена изложбата „70те и 80те во македонската ликовна уметност“.

Куратор на поставката е Марика Бочварова Плавевска.

Изложбата ќе биде поставена во 3-та галерија на МСУ, во која ќе бидат застапени дела од различни медиуми како сликарство, инсталација, до фотографија и скулптура.

Јавноста ќе може да види дела од Петар Мазев, Ристо Калчевски, Симон Шемов, Душан Перчинков, Томо Шијак, Евгенија Демниевска, Благоја Маневски, Родољуб Анастасов, Славчо Соколовски, Станко Павлески, Глигор Стефанов, Петре Николоски, Симе Узуновски…

мсс_resize

Идејата на оваа изложба ги обработува проблемите на македонската ликовна сцена, како континуитет од 60-те години. Оваа изложба е дел од серијата проблемски изложби на Музејот на современата уметност (започнато во половината на 90-те години) и е фокусирана на уметниците кои ја создавале сцената во тие години и се многу важни за создавање на онаа нова сцена во 90-те години на минатиот век, бидејќи ја промовираа неочекуваната возбудлива и транспарентна ликовна сцена во Македонија, паралелите на двете децении, можен континуитет во ликовната сцена. Тоа е делот кој има за цел да ја потсети јавноста на преобразбите што беа подготвени да ги почувствуваат и доживеат овие децении, посебно во чинот на обединување на сето она што егзистира во сликарството, скулптурата, графиката, фотографијата итн. е поврзано со барањето да се ревалоризираат изминатите искуства за да се допре до самите протагонисти во новите појави.

Поставката ќе се одвива според протоколите пропишани за организација на јавни настани во услови на пандемија.

Испрати коментар

Scroll To Top