За време на студените месеци, на растенијата што се чуваат во куќата им треба соодветна грижа, со цел да им се помогне да го преживеат престојот на сув воздух и недостаток на светлина.
Во зима треба да се земат предвид потребите на растенијата за природна светлина, бидејќи им недостасува најмногу во затворените простории.
Бидејќи на повеќето растенија што успеваат во нашата земја им треба многу светлина, саксиите треба да се стават поблиску до прозорците, но не покрај радијаторите. Кактусите бараат многу светлина во текот на целата година. За да цветаат на пролет, не треба да се полеваат во текот на зимата, освен ако станот не е многу топол.
За да можат растенијата подобро да го издржат престојот на сув воздух поради греење, треба да се користат овлажнувачи. На растенијата ќе им се помогне да ја преживеат зимата и ако се прскаат со вода наутро и навечер.
Не треба да се менува температурата одеднаш во просторијата каде што се наоѓаат растенијата. Идеална температура за одржување на цвеќе е помеѓу 15 и 20 степени Целзиусови. При вентилација на просторијата, цвеќињата мора да се отстранат од провевот.
На растенијата не им треба ѓубрење во текот на зимата, освен за оние кои очекуваат цветање, како што се циклама, азалеа, кактуси… Исто така, со цел растението да расте убаво, треба да се отстрануваат сувите лисја.
Кога станува збор за полевање, повеќето растенија во домот треба да се наводнуваат само колку земјата да не им биде сува. Тие толерираат суво подобро отколку натопување со вода. Повеќето растенија влегуваат во мирен период во текот на зимата и затоа не им е потребна поголема количина на вода.
Ако температурата во просторијата е поголема од 25 степени, тогаш на растенијата им треба малку повеќе вода.
Циклама, азалеа и други видови кои цветаат во зима треба да се наводнуваат на два до три дена. Редовното попрскување ќе им одговара на дрво на животот, бенџамин и папрати, но не и на темјанушките.
Најдобро е да не се користи ладна вода за наводнување, туку загреана на собна температура.
Во текот на зимата, растенијата се во мирување, па затоа не би било добро да се изврши пресадување. Ако навистина сакате или треба да пресадите цвет, набавете нова почва и број на саксија поголема од претходната.