Насловна / Архитектура / Океанот како инспирација

Океанот како инспирација

Паралелно со спектакуларната карпа Broad Cove Marsh на Атлантскиот Океан во Нова Шкотска, се протега куќа со неверојатен поглед. Покрај канадските карпи на Атлантскиот Океан, бирото Omar Gandhi Architect проектирале куќа за одмор за брачна двојка од Торонто со три деца.

Omar Gandhi Architect, vacation home in Nova Scotia

Објектот се наоѓа на периферијата на Inverness, мало приморско место кое е популарно меѓу туристите и сезонските жители поради песочните плажи и дините, стрмните карпи и терените за голф од светска класа. Клиентите купиле долга парцела долж крајбрежјето за да уживаат во зајдисонцето над заливот St. Lawrence.

9_resize

Главната оска на зградата е бетонски ѕид поставен паралелно со брегот, кој ја дели куќата на два дела и ја ограничува едната страна од ходникот. Додека другата страна на ходникот, се состои од долг континуиран дрвен ѕид. Ѕдот одделува простори за релаксација, готвење и примање гости. Сите простории на куќата се опкружени со големи прозорци со поглед кон океанот.

Omar Gandhi Architect, vacation home in Nova Scotia Omar Gandhi Architect, vacation home in Nova Scotia

На едниот крај се дневната соба и кујната со голем остров за подготвување и консумирање оброци. Во втората половина на куќата има три единици свртени кон запад, што претставува приватен дел со спални соби и бања.

4_resize

Едноставен кос кров ја покрива куќата не заклонувајќи им го погледот на станарите. Во кујната, падот е направен обратно, со цел и таму да се добие природна светлина.

Omar Gandhi Architect, vacation home in Nova Scotia

Целиот ентериер е многу едноставен, со чисти линии и со минимум декоративни елементи. Природното опкружување, промената на годишните времиња и неверојатниот околен пејзаж добиле  примат и се најважниот украс на овој ентериер.

Omar Gandhi Architect, vacation home in Nova Scotia 5_resize

Испрати коментар

Scroll To Top