Активистката за животна средина и уметница Каролин Шататини постави Гинисов рекорд правејќи го најголемото знаме од рециклирани материјали во местото Бнашиу во Северен Либан, кое зафаќа површина од 300.2 квадратни метра. Со помош на волонтери, таа го направи либанското знаме од пластични шишиња, тапи и чинии за еден и пол месец.
„По експлозијата во Бејрут, на Либан му требаше нешто позитивно, некоја надеж која на луѓето кои многу страдаа, ќе им ја врати силата. Затоа сакав да го направам најголемото знаме на светот од рециклирани материјали и да го срушам претходниот Гинисов рекорд “, вели либанската уметница.
За изработка на ова импозантно знаме употребени се 1.000 зелени пластични шишиња, 70.000 бели пластични капачиња, 5.000 чинии и 30.000 капаци од тутун.
https://www.youtube.com/watch?v=khLaoSW0hwU
Ова е трет пат Шататини да го собори Гинисовиот рекорд. Таа претходно ја направи најголемата елка од пластични шишиња и најголемата полумесечина од капачиња за пластични шишиња.