Насловна / Вести / Производителите на камиони, сакаат да имаат јаглеродно неутрални возила до 2040 година

Производителите на камиони, сакаат да имаат јаглеродно неутрални возила до 2040 година

Европските производители на камиони, во заедничка изјава објавиле дека до 2040 година сите камиони кои ќе бидат во продажба ќе мора да престанат да користат фосилни горива, со цел до 2050 година да постигнат јаглеродна неутралност. Таа цел ќе може да се постигне под услов да се изгради соодветна инфраструктура за полнење со гориво, и да се воспостави кохерентна рамка на политиките, вклучувајќи и сеопфатни цени на CO2 за стартување на оваа транзиција. Со цел да го развијат својот пат до јаглеродна неутралност најдоцна до 2050 година, извршните директори на европските производители на комерцијални возила, под закрилата на Европското здружение на производители на автомобили (ACEA), ги здружиле силите со водечките научници со Постдамскиот институт за истражување на климатските влијанија. Заедничката декларација на ACEA и PIK, дава план и услови за трансформација на патниот товарен сообраќен систем. Со вложувања во индустријата на комерцијалните возила, тоа вклучува и опции на воведување на политики како што се надоместоци за патиштата на база на емисиите на CO2 и систем на оданочување на енергијата базиран на содржината на јаглерод. Густата мрежа на инфраструктурата за полнење со гориво, соодветна за камионите, исто така е пресудна за работа на тешките возила со нулта емисија.

freight2

„Уверени сме дека новите погонски технологии брзо ќе станат окосница на патниот товарен сообраќај. Производителите на камиони навистина вложуваат во нови решенија, како алтернативните горива, батерии и водород. Електричните возила на батерии се прва технологија со нулта емисија која стигнала на пазарот на камиони, а веднаш ќе следат и камионите со погон на водород. Меѓутоа, преминот на декарбонизиран сообраќај и логистика мора да биде воден од побарувачката и достапноста“, се вели во заедничката декларација. Притоа, клучно е значењето на густата мрежа на станици за полнење, а главната грижа е пристап до електричните мрежи со соодветен капацитет. Постојат превознички компании кои се подготвени да вложуваат во електрични решенија, но недостатокот од мрежен капацитет таму каде што се наоѓаат го онемозвожуваат овој концепт. Понатаму, јасно е дека возилата со нулта емисии тешко ќе заживеат се додека дизелот останува поефтин.

„Возилата од новата технологија, едноставно ќе морa да станат подобра опција, односно префериран избор на превозниците“ се продолжува во заедничката изјава. “За да се случи тоа, ни требаат сеопфатни цени на јаглеродот кои го задвижуваат воведувањето на камиони со нулта емисија и на соодветен начин ќе ги одржуваат вкупните трошоци на емисиите на CO2“, се вели во декларацијата.

freight1

Испрати коментар

Scroll To Top