Насловна / Вести / Енергетска прогноза на EIA за 2021 година

Енергетска прогноза на EIA за 2021 година

Откако го доживеа својот најголем пад во последните неколку децении, се очекува глобалната побарувачка за електрична енергија скромно да се зголеми во 2021 година, смета Меѓународната агенција за енергија (IEA – International Energy Agency), во првиот свој објавен Electricity Market Report. Историскиот шок од кризата со пандемијата, ќе резултира до крајот на годината во намалување на побарувачката од електрична енергија за 4-5%, заклучува агенцијата, а во 2021 година се очекува раст од 3%. Тоа ќе биде многу послабо од трендот на опоравување во 2010 година, по глобалната финансиска криза кога е забележан раст од 7%. Во 2021 година, EIA очекува растот да го предводaт Кина и Индија. Обновливите извори на енергија во 2019 година во Европа задоволувале 37% од потребите, во оваа година тоа се проценува на 42%, додека производството од јаглен паднало за 15%, а од нуклеарки за 12%. Најголем пад на потрошувачката на електрична енергија забележале Германија, Франција, Велика Британија, Италија и Шпанија.

EIAMR1

EIAMR2

Се прогнозира дека електричната енергија од обновливи извори, ќе забележи раст од речиси 7% во 2020 година, а вкупните емисии на стакленички гасови ќе имаат пад од 5%. Падот на побарувачката, пониските цени на горивата и растот на производството од обновливи извори „ги повлекоа со себе“ берзантските цени на електричната енергија во 2020. Забележен е просечен пад од 28% кај електричната енергија и 20-50% кај природниот гас. За следната година се прогнозира раст на уделот на енергијата произведена од обновливи извори за повеќе од 6%, но истовремено и пораст на производството од јаглен и природен гас за 3% односно 1%, што ќе ги зголеми глобалните емисии од енергетскиот сектор за 2%. Последново никако не оди во прилог на борбата против климатските промени.

EIAMR3

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top