Насловна / Технологии / Јаболкото повторно на врвот на светот

Јаболкото повторно на врвот на светот

apple-thumb.jpg

Колку повеќе се чудиме, толку повеќе сфаќаме дека Apple Inc е навистина одлична компанија. Компанија која во услови на најтешката финансиска криза по Втората светска војна, без својот "бог", основач и CEO Стив Џобс, и во исклучително тешка конкуренција порасна за дополнителни 100 милијарди долари за само една година.
Акцијата на Apple Inc деновиве вреди над 500 долари (раст од 44% споредено со цената на акциите во април 2011), што значи дека компанијата вреди околу 470 милијарди доларди.

Во сенка на случувањата околу контроверзните закони за борба против пиратеријата, се случи повторното крунисување на Apple Inc како највредна или ако сакате најголема компанија во светот. Велам по втор пат, бидејќи во периодот од aвгуст до oктомври 2011 година, таа го надмина профитот на нафтениот гигант Exxon и се закити со ова признание. 

apple-1.jpg

Тогаш, настанот беше протолкуван како случајност, берзанска шпекулација, меур спремен за пукање и сл. Впрочем, како е можно компанија која произведува гаџети (дефиниција за гаџет: мал механички или електронски уред чија генијалност и новитет ја надминува практичната употреба – со други зборови играчки за анимирање на возрасни) да вреди повеќе од еден нафтен гигант? Па нафтата е дефицитарна, побарувачката постојано расте, цените вртоглаво растат. Но, колку повеќе се чудиме, толку повеќе сфаќаме дека Apple Inc е навистина одлична компанија. Компанија која во услови на најтешката финансиска криза по Втората светска војна, без својот "бог", основач и CEO Стив Џобс, и во исклучително тешка конкуренција порасна за дополнителни 100 милијарди долари за само една година. Акцијата на Apple Inc деновиве вреди над 500 долари (раст од 44% споредено со цената на акциите во април 2011), што значи дека компанијата вреди околу 470 милијарди доларди. Практично, компанијата сега вреди повеќе од своите лути ривали Microsoft и Google заедно. И ќе вреди многу повеќе од тоа. Последниот квартал од 2011 му донесе на Apple рекордна заработка од 13 милијарди долари од продажба на 37 милиони iPhone телефони, 15 милиони iPad таблет компјутери и 5,2 милиони Mac компјутери. Згора на сето тоа, новиот CEO на Apple Inc, Тим Кук изјави дека компанијата има проблеми во задоволување на побарувачката. Со скората најава на iPad 3, цифрите дополнително ќе растат. Знам што се прашувате во моментов, каква е таа светска финансиска криза во која луѓето ги губат работните места или барем заработуваат помалку, а сепак и со денови стојат во редица за да го купат најновиот гаџет од Apple?

Кога производите би биле евтини можеби би имало оправдување, но Apple е познато дека ги има највисоките цени на пазарот. Високи цени, а ниски производни трошоци (денес сè се произведува во Кина). 

apple-2.jpg

Резултатот на сето тоа е признание за највредна компанија и секако 470 милијарди долари. Бројките збунуваат. Тоа се огромни пари, огромни профити кои се генерираат во една компанија. Пари кои се огромни и за поголемиот број на земји во светот. Целата оваа ситуација со бркањето на профити, препукување помеѓу ривалите и агресивниот маркетинг е ситуација во која се прашувате дали сè уште важат основните принципи на функционирање на пазарите и општествата во целина. Веројатно Ал Гор има право кога вели дека на капитализмот му треба "чистење". Ако сè уште сте скептични, погледнете ги бројките:

 Apple Inc во 2012 година вреди педесет пати повеќе од македонскиот БДП;

 Apple Inc во 2012 година вреди колку БДП на 20-тата светска економија Полска во 2010 година според ММФ и Светската банка. Колку за потсетување, БДП (Бруто домашниот приход) ја означува пазарната вредност на сите производи и услуги кои една земја ги произвела. Во случајов, Apple со своите 60.000 вработени вреди колку и Полската економија која ја гради население од скоро 40 милиони жители; 

 Apple Inc во 2012 година вреди скоро колку целиот грчки долг (485 милијарди долари). Воедно тоа е цифра поради која Европа ја тресе финансиска криза, а лидерите на земјите членки на ЕУ се мобилизирани како да станува збор за трета светска војна; 

 Apple Inc во 2012 година вреди колку целокупниот буџет на Министерството за одбрана на САД за 2005 година; 

 Apple Inc во 2012 година вреди скоро колку целокупниот извоз на 11-тата економија во светот по БДП, Русија; 

 Apple Inc во 2012 година вреди повеќе од вредноста на златото што се чува во ФЕД (Федералните Резерви на САД) на Менхетн, Њујорк; 

 Apple Inc во 2012 година вреди скоро колку резервите во валути и злато на Русија (483 милијарди долари) која е трето рангирана на листата на земји со најголеми резерви по Кина и Јапонија според Index Mundi; 

 Apple Inc во 2012 година вреди повеќе од вкупните даночни приходи на Шпанија во 2006 година.

*Погледнете повеќе на
thingsappleisworthmorethan.tumblr.com

Дефинитивно бројките се вртоглави. Оттаму е и нелогичноста како една компанија која произведува и продава гаџети (или ИТ ако повеќе сакате) стекна таква економска моќ која може да се споредува со високоразвиените земји. Успехот на Apple Inc сигурно е на радост и на САД чиј буџет го полнат, но и на Кина каде се лоцирани фабриките. И додека Европа протeстира против ACTA (Anti Counterfeit Trade Agreement), во заднина Apple Inc пишува нова страна во историјата каде Новиот CEO на Apple Inc, Тим Кук триумфира информатичката технологија.


Испрати коментар

Scroll To Top