Научниците создадоа бетон од рециклирани материјали пред пет години и го користеа за реални проекти за да го видат неговото однесување во однос на стандардниот. Резултатите покажаа дека карактеристиките поврзани со цврстината и издржливоста се добри и дека во некои случаи се покажа дека се дури и подобри од стандардниот бетон. Тестирана е јакоста на компресија и издржливоста на бетонот. Истражувањето било спроведено од тим од UBC Okanagan’s School of Engineering, предводен од Шахрија Алам, директор на Центарот за истражување и зелена зграда на УБЦ, за проект за изградба на темели и тротоари пред зградата на општината. Тој вели дека живееме во свет во кој постојано бараме одржливи решенија и го намалуваме отпадот на депониите. Многу земји ширум светот го искористиле ова со создавање рециклиран бетон и негово стандардизирање. Тој се надева дека ова откритие ќе и помогне и на Канада на тој пат.
Според Алам градежните материјали од изградбата и рушењето сочинуваат околу 40 отсто од светскиот отпад. Тој додава дека само во Канада годишно се создаваат девет милиони тони од овој вид отпад.
Стандардниот бетон обично се состои од мешавина од мали и големи агрегати (обично песок) кои се додаваат во пастата формирана со мешање на цемент и вода. Кај рециклираниот бетон, природниот агрегат се заменува со нов направен од рециклирани материјали, што му дава на новиот производ дополнителна флексибилност и прилагодливост. Може да се користи за потпорни sидови, патишта и тротоари, но исто така и за некои видови конструкции.
Студијата покажала дека рециклираниот бетон има поголема цврстина на притисок после 28 дена стврднување, и дека задржува поголема или еднаква јачина. Поради ова, се сугерира дека овој вид бетон може да биде 100 отсто замена, се разбира, само за неструктурните делови на зградите.