Насловна / Архитектура / Почина Георги Константиновски, великан на светската архитектура

Почина Георги Константиновски, великан на светската архитектура

Георги Константиновски, еден од најзначајните архитекти за македонската архитекура, почина на 90 години на 8 декември, а погребот беше денеска.

Georgi2

Константиновски ќе остане запаметен по објектите на Архивот на Град Скопје, Студентскиот дом „Гоце Делчев“, Домот за рекреација во Катлановска бања, Архивот во Охрид, Домот за нега „Сју Рајдер“ во Скопје, Меморијалниот комплекс АСНОМ во Пелинце, Архивот во Штип, Спомен Домот на Разловечкото Востание, Пелинце, Домот на печат во Приштина.

Georgi3

Учествувал на 38 конкурси на кои освоил повеќе I, II и III награди на македонско и југословенско ниво, а изработил и 40 студии. За својата работа добитник е на повеќе награди, меѓу кои Борбина плакета за Архивот на Град Скопје, Студентскиот дом „Гоце Делчев“ и Спомен домот на Разловечкото востание, националната награда 11 Октомври, Големата награда на БИМАС за Спомен домот на Разловечкото востание, планата „Унија во Скопје“ и Меморијалниот музеј на „АСНОМ“, Орден на трудот со златен венец и Наградата Андреа Дамјанов за животно дело. На списокот на великаните на светската архитектура, Константиновски ја претставува својата земја како единствен архитект застапен меѓу сите словенски земји.

Georgi

Испрати коментар

Scroll To Top