Насловна / Архитектура / Главниот град на Еквадор доби „скршена“ зграда

Главниот град на Еквадор доби „скршена“ зграда

Градот Кито ќе добие нова зграда висока 102,4 метри, која и пркоси на гравитацијата.

Kito

Проектот за уникатната зграда е потпишан од њујоршкиот архитект Карлос Запата, кој ја реализира зградата во соработка со локалната компанија Uribe Schwarzkopf. Оваа станбена стаклена зграда со 24 ката содржи 99 станбени единици од кои пет единици се наменети за комерцијална употреба, пишува Dezeen.

Kito1

Обликот на зградата е поделен на два дела, каде што долниот е поставен целосно по вертикалната оска, додека горните катови се „свиткани“ под помал агол. Двата дела се поврзани со делумно отворена зона со масивно кружно скалило и на овој начин дополнително се потенцира транзицијата.

Во оваа отворена зона има базен за станарите на зградата, од каде можат да уживаат во дружењето, како и погледот кон градот.

Kito2

“Паркот Ла Каролина беше мојата референтна точка во овој проект. Размислував за зеленилото, отвореноста и пристапот до свеж воздух што го носи паркот и сакав да го имитирам тоа чувство во оваа зграда. Ова е постигнато со создавање на заедничка надворешна површина. Создадовме простор каде што луѓето можат да го поминат целиот ден уживајќи во погледот кон околината, а во исто време тие се засолнети “, рече Запата.

Kito3

Според него, Unique истовремено ја надополнува околната архитектура, бидејќи нејзиниот „пробив“ дел се наоѓа на висината на околните згради, па затоа се постигнува контекстуална врска.

Kito4

“Како и со нашата прва станбена зграда во Еквадор, ние бевме инспирирани од специфичното географско опкружување на Кито, неговите долини и планини и вулкани, како и прометните улици и изобилството на зелениот простор“, додаде Запата.

Kito5

Зградата со вкупна површина од 18.846 квадратни метри содржи бројни придобивки за станарите. Постојат велнес-капацитети, кои покрај надворешниот базен вклучуваат уште еден базен на покривот, а има и фитнес и спа центар. Станарите можат да уживаат и во просторот за организирање скари, како и во кино салата, простории со разни игри на табла, а децата исто така имаат своја игротека.

Kito9

Unique е дизајнирана да биде што е можно попријателска кон животната средина, а зградата има системи за заштеда на електрична енергија и вода за пиење, дождовната вода се собира за понатамошна употреба, а има и систем за прочистување и наводнување.

Kito7

Архитектот Запата има спомени од Кито затоа што живеел во овој град од петгодишна возраст до тинејџерските години, кога се преселил во САД, каде подоцна отворил своја компанија. Со текот на годините, тој се приклучи на импресивната листа на архитекти со кои работи Uribe Schwarzkopf, основана уште во 1973 година.

Kito8

Kito6

Испрати коментар

Scroll To Top