Насловна / Архитектура / Остаток од потонат брод во 18 век станува подводен музеј

Остаток од потонат брод во 18 век станува подводен музеј

Една бурна јануарска ноќ во 1749 година, холандски брод на компанијата VOC наречен „Амстердам“ се насукал на бреговите на Хастингс во Ла Манш. Бродот долг четириесет метри, заедно со 330 морнари, војници, столари и патници, не стигнале до својата дестинација.

brod

Со векови, остатоците и целиот товар се проголтани од песок, па „Амстердам“ моментално се наоѓа на седум метри под земјата. Но, не за долго! Имено, остатокот од бродот наскоро ќе стане необична атракција во која потонатиот брод и изгубениот товар ќе станат трајна поставка во подводниот музеј. Посетителите не само што би уживале во поморскиот инженеринг пред повеќе од 250 години, туку притоа би откриле нешто повеќе за културното наследство на овој холандски град.

brod1

Тимот предводен од Јежи Гавронски, градскиот археолог на Амстердам, заедно со компаниите Mammoet и Deloitte, бродоградилиштето VEKA и со архитектонската визија на бирото ZJA, смислија план за да го претворат остатокот од бродот во подводен музеј, пишува Designboom.

brod2

Проектот предвидува остатоците од бродот да се подигнат од местото каде што лежи, како и да се транспортира во Амстердам, каде ќе бидат извршени обемни археолошки истражувања. Остатокот од потонатиот брод би бил покриен со школка конструирана на брегот, која наликува на медуза. Оваа надградба ќе има транспарентни sидови, што ќе им овозможи на посетителите да ја видат и истражат оваа поморска реликвија од 18 век.

brod3

Новиот објект, во комбинација со кршот, ќе биде и истражувачки центар и место за посетители. Посетата на овој музеј би била доста интерактивна, а исто така се планира да се организираат настани за континуирано изложување на нови пронајдени предмети. Комбинацијата на технологија и културно наследство во овој контекст има за цел да ја претстави поновата историја на Амстердам, како и холандското колонијално минато.

Понатамошниот развој на проектот треба да се развие во соработка со градот Амстердам, а се планира и активна соработка со Хастингс, со цел да се создаде најдобра можна врска со првичната локација на заглавениот брод.

brod4

Испрати коментар

Scroll To Top