Насловна / Вести / ЕУ: Триесет милиони електрични возила на улиците до 2030 година

ЕУ: Триесет милиони електрични возила на улиците до 2030 година

Европската унија сака до 2030 година на улиците да има најмалку 30 милиони возила со нулта емисија на стакленички гасови. Ова е наведено во нацрт документот кој го објавува агенцијата Reuters. Во стратегијата, Европската комисија изнесува мерки со кои сака да ги намали емисиите на стакленички гасови кои ги генерира транспортниот сектор, а кои сочинуваат една четвртина од вкупните европски емисии. „Целта за климатска неутралност ан Европа до 2050 година не може да се оствари без ад се воведат силно амбициозни мерки за намалување на зависноста на сообраќајот од фосилните горива“ се истакнува во документот. За тоа ќе бидат потреби најмалку 30 милиони возила со нулта емисија веќе до 2030 година. Ова е сериозно зголемување во однос на 1,8 милиони електрични и plug-in хибридни возила, колку што биле регистрирани во Европа на крајот на минатата година. Овде мора да се потенцира дека хибридните возила не се возила со нулти емисии. Од друга страна, стручњаците предупредуваат на недостаток на инфраструктура на „чисти“ автомобили. Документот на ЕУ, проценува дека на Европа ќе и требаат три милиони јавни локации за напојување на возилата со електрична енергија, како и 1.000 станици за напојување со водород, до 2030 година. Европа сега има околу 200.000 локации за напојување на електричните возила. Од ЕУ најавуваат дека следната година ќе објават план за решавање на тој проблем.

EV20301

Следната година, ЕУ ќе предложи построги стандарди за емисиите на јаглерод диоксид за автомобили и комби возила со примена од 2025 година, а во нацрт документот се наведува дека со овие правила би можеле да бидат опфатени и автобусите. Во документот се наведува и дека е можно удвојување на сообраќајот на железниците со високи брзини во Европа до 2030 година, а до 2050 година обемот на овој вид сообраќај и тројно да се зголеми. Авионите и бродовите со нулта емисии ќе мора да бидат подготвени за пазарот до 2035 година.

EV20302

EV20303

 

Испрати коментар

Scroll To Top