Насловна / Вести / Српското електростопанство ја автоматизира мрежата – полесни поправки и помали загуби

Српското електростопанство ја автоматизира мрежата – полесни поправки и помали загуби

Меѓудржавната спогодба која кон крајот на ноември владата на Србија ја потпиша со француската влада, освен изградбата на метро, носи и соработка во областа на енергетиката. Конкретно, со над 129 милиони евра ќе биде кредитирано унапредувањето на електродистрибутивната мрежа на ЕПС. Преку соработката со французите, ЕПС ќе ја автоматизира среднонапонската дистрибутивна мрежа. Тоа ќе обезбеди подигање на снабдувањето и квалитетот на лекетричната енергија, далечинско управување со мрежата, побрзо локализирање на дефектите и нивна санација. „Автоматизацијата генерално овозможува неколку придобивки. Прво, значајно ќе се намалат загубите. Второ, се овозможува приклучување на обновливите извори на енергија, со што ќе можат да се користат обновливи извори со мали моќности. Исто така, ќе се подобри искористувањето на постоечките ресурси на мрежата и на производството, што без автоматизацијата не е можно“ велат од француско – српската стопанска комора. „Иако во изминататa деценија загубите во ЕПС се намалени, сепак тие се некаде околу 11%, што на годишно ниво е околу 250 милиони евра“ вели ресорната министерка Зорана Михајловиќ.

Од соработката со Франција во областа на енергетиката многу се очекува. Франција е добро позиционирана во користењето на енергијата од обновливи извори, особено кога станува збор за геотермалната енергија и ветерните паркови. Токму вакви проекти веќе се подготвуваат во Србија во соработка со француски компании.

eps1

eps2

Испрати коментар

Scroll To Top