Насловна / Архитектура / Саудиска Арабија гради луксузно одморалиште на сред древниот град Ал Ула, по проект на легендарниот Жан Нувел

Саудиска Арабија гради луксузно одморалиште на сред древниот град Ал Ула, по проект на легендарниот Жан Нувел

Саудиска Арабија го откри проектот за изградба на зачудувачки луксузно одморалиште кое е сместено во природниот резерват Sharaan, односно во областа нa древниот град Ал Ула. Проектот за одморалиштето кое исто така го носи името Sharaan е дело на францускиот архитект Жан Нувел. Првите сцени покажуваат елегантни и пространи дворови на одморалиштето, за разлика од неговата богата интимна внатрешност. Нувел вели дека проектот делумно е инспириран од Hegra – археолошка локација на UNESCO, која е неодамна отворена за јавност. Архитектот истакнува дека на овој начин сака да придонесе за зачувување на древниот пејзаж на саудиската пустина. „Ал Ула е музеј. Секое зрно песок, секое геолошко и археолошко наоѓалиште го заслужуваат целото внимание и бараат детално проучување. Од витално значење е да ја задржиме целата препознатливост и атрактивност на пустината“, рекол Нувел за Dezeen.

Одморалиштето Sharaan, ќе биде отворено за посетителите до 2023 година, а ќе вклучува 40 апартмани за гости и три вили.  Развојот на комплетниот проект ќе биде под надзор на Нувел, заедно со кралската комисија на Ал Ула, која е формирана во 2017 година со цел помош во развојот и промоцијата на овој регион. Овој проект е дел од пошироките напори на Саудиска Арабија да се истакне како меѓународна туристичка зона, и на тој начин да придонесе за развој на економијата и националниот идентитет на земјата.

nouvel1

nouvel2

nouvel3

nouvel4

nouvel5

nouvel6

Испрати коментар

Scroll To Top