Градежниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ објави отворен повик за пријавување на курсеви во рамките на проектот All4R&D за студенти и професионалци.
All4R & D е платформа за соработка и отворени иновации осмислена да ги подржи и поврзе универзитетите и индустријата во совладување на предизвиците.
Платформата All4R & D создава соработка универзитет-индустрија и ги олеснува проектите за истражување, образование и иновации на релација универзитет-индустрија.
Аплицирај за онлајн курсеви во полето на:
- Инфраструктура
- Структурни материјали и инженерство
- Земјотресно инженерство
- Инженерски софтверски алатки
- ИТ и софтвер
- Управување
Повеќе информации за курсевите на следниот линк.
Целни групи
Студенти (BSc, MSc, PhD)
Професионалци кои работат во приватен, јавен и невладин сектор
Јазик на курсот: Англиски јазик
Надомест за присуство: бесплатно
Краен рок за регистрација: 25.12.2020