Насловна / Архитектура / Куќата K House во елитен дел на Белград

Куќата K House во елитен дел на Белград

Типологијата на урбаните вили отсекогаш подразбирала испреплетување на станбени и рекреативни содржини, дневни активности и свечености, работа и разонода. Така, колку е повисок стандардот на домување, толку пратечките содржини завземаат поголем примат.

2_resize

За тоа сведочи и куќата K House, урбана вила со површина од 370 квадратни метри, сместена на Сењак, елитен дел на Белград, дело на белградското биро Студио ОБЕ. Имено, покрај комфорните димензии, оваа вила има теретана, спа и затворен базен, а проектирана и градена е по Еко Лукс стандард.

1_resize

Едно од главните барања на клиентот било да се формира што поголем тревник и отворен простор исполнет со зеленило.

Приземјето во целост се затвора кон улицата, а во голема мера се отвора кон дворот, со што надворешните и внатрешните простори се испреплетуваат, применети се големи прозорски отвори, препусти и еркери.

3_resize

Повлеченоста во однос на регулацијата и затворањето кон јавниот простор, како и специфичната форма „L“, овозможиле висок степен на приватност, но и спектакуларни визури. Пристапот со возила и поплоченото плато сугестивно ја одделуваат куќата од улицата. Степенувањето на волумените, како и употребата на различни системи за одржлива архитектура се некои од клучните карактеристики на оваа куќа.

4_resize

Желбата на клиентот била максимална димензионална удобност на сите зони, добра природна вентилација и нивна ориентација и отвореност кон дворот. „Со формирање зони што се надоврзуваат едни со други, се појави идеја да се формира двојна висина над просторот на трпезаријата и пуштање осветлување во централниот дел на објектот“, наведуваат архитектите. Не само што доминира со својот волумен, туку атриумот е и ориентационен центар на куќата, додека на просторот на трпезаријата му дава свечен и репрезентативен карактер.

9_resize

Во функционална смисла, објектот се состои од дневни и ноќни зони кои се меѓусебно поврзани со еднокраки дрвени скали. Дневната зона се состои од влезен простор, дневна соба, кујна и трпезарија, како и базенска просторија со сауна и масажа. Содржината е нанижана линиски, освен страничното рекреативно крило.

7_resize

На катот се сместени две одвоени спални соби за деца и родители, а има и одвоен работен дел. Повлечениот кат (второ ниво) е наменет за теретана и води до терасата на покривот, каде што се сместени соларните панели. Во подрумот е сместена гаража, како и помошни простории – перална и машинска сала.

8_resize

Материјалите во ентериерот се природно и боено дрво, природен мермер, керамика, терацо и големи бели површини. Повеќето парчиња мебел се дизајнирани од архитектите, а користени се и неколку дизајнерски брендови.

5_resize 6_resize 11_resize 15_resize 10_resize 12_resize 13_resize 14_resize

Испрати коментар

Scroll To Top