Насловна / Вести / ПО КОНКУРСОТ НА ОПШТИНАТА АЕРОДРОМ: Големо интересирање за уредување на улицата на Тоше

ПО КОНКУРСОТ НА ОПШТИНАТА АЕРОДРОМ: Големо интересирање за уредување на улицата на Тоше

Image

Дваесетина архитектонски труда за уредување на пешачката улица, што го носи името на нашата мегаѕвезда Тоше Проески, во Ново Лисиче и на околниот простор досега пристигнале на Конкурсот што неодамна го распишаа општинарите од Аеродром. Конкурсот е се уште отворен и ќе трае до 1 октомври годинава. Од Општината велат дека очекуваат инвентивни идеи за уредување на мал меморијален парк кој најмногу ќе биде во функција на младите, а ќе го слави ликот и делото на музичкиот великан Проески.

– Оваа улица до неодамна беше позната како Детска улица, а со одлука на Советот на Општина Аеродром од јуни годинава таа го носи името на трагично загинатиот Тоше Проески. Со уредувањето на улицата и на околниот простор очекуваме овој засега неуреден дел од населбата Ново Лисиче да се заокружи како целина и да стане најпосетеното катче за децата и за младите. Во распишаниот конкурс сметаме на инвентивноста на архитектите да понудат решенија што ќе бидат поврзани со делото на Тоше Проески и што ќе можат да се изведат во рамките на општинскиот буџет. Затоа не дадовме строги насоки во кои треба да размислуваат архитектите, за да не ги ограничиме. Очекуваме самиот простор да им биде предизвик на архитектите, а наша цел е да собереме нови и свежи идеи – вели Жарко Чаушевски, урбанистички инспектор во Општина Аеродром.

Општинарите очекуваат освен партерното уредување на улицата, решението на конкурсот да содржи и споменпарк посветен на Проески, со повеќе интересни културно-рекреативни содрж ини како мини скверови, амфитеатар,
зеленило, пунктови за спорт и рекреација, фонтана, скулптура на Тоше, урбана опрема, осветлување и изложбен дел.

– Уредувањето на улицата има цел да го заживее просторот и да ги анимира младите луѓе. Затоа не очекуваме во
предложените проекти да се најдат монументални градби и голем споменик. Бараме неконвенционално решение кое ќе понуди и патеки за ролери, игралишта и место за приредби и манифестации. Општината планира да почне да го уредува
наведениот простор веќе кон крајот на годинава или на почетокот на наредната година – објаснува Чаушевски.

Првата награда за најдобро решение на Конкурсот изнесува 150.000 денари, вториот најдобар труд ќе добие 90.000, а
третиот 60.000 денари. Конкурсот е анонимен и во него можат да учествуваат правни и физички лица, државјани на Република Македонија. Тендерската документација може да се подигне во просториите на Општина Аеродром, во соба со број 16 или 1, информираат од Општината.

 

Е.К.
Објавено во број 90.

Испрати коментар

Scroll To Top