Насловна / Вести / Кинеска подморница со екипаж стигна до најдлабокото место на Земјата (видео)

Кинеска подморница со екипаж стигна до најдлабокото место на Земјата (видео)

Кинескиот батискаф (подморница намената за истражување на големи длабочини) „Фендуши“ успеа да стигне до едно од најдлабоките места на планетата, нуркајќи се до вртоглави темни длабочини од 10.909 метри, пренесува државната кинеска новинска агенција.

За време на повеќемесечна експедиција која започна на 10 октомври, „Фендуши“ нуркаше 13 пати во Маријанскиот ров – најдлабокиот дел од светските океани и најдлабокото место на Земјата, лоцирано на запад од Северниот Тихи океан, источно и јужно од Маријанските острови, близу Гвам.

k3

За време на осум нуркања, кинескиот батискаф успеа да се спушти на длабочина од 10.000 метри, а „Фендуши“ со екипажот до рекордната длабочина успеа да достигне на 10 ноември – тонејќи до длабочина поголема од висината на Монт Еверест, објавила „Чајна дејли“, како што пренесува порталот Лајв сајенс.

Светскиот рекорд во длабочина сè уште го држи Виктор Весково, американски бизнисмен и пензиониран поморски офицер, кој нуркаше на длабочина од 10.934 метри во својата подморница „Лимитинг фактор“, според Гинисовата книга на рекорди на 26 јуни нурнал на длабочина од 10.934 метри.

Максималната длабочина што ја достигна „Фендуши“ (што на кинески значи да се стремиме) ја надмина длабочината на режисерот на филмот „Титаник“, Џејмс Камерун, во 2012 година од 10.908 метри, но не успеа да достигне 10.912 метри како швајцарско-италијанско-американскиот пловен објект „Трст“ на 23 јануари 1960 година.

k4

Досегнување до дното на ровот Маријана е повод за национална гордост во Кина, која повеќе од една деценија инвестира во изградба на пловни објекти со екипаж, кои можат да достигнат длабочина повеќе од 3.500 метри – што Кина ја става во редот со само неколку земји (вклучувајќи ги САД, Франција, Русија и Јапонија), кои имаат такви пловни објекти.

Испрати коментар

Scroll To Top