Foster + Partners се повлекоа од групата потписнички на договорот за климатски промени, наведувајќи дека „не можете да го вртите часовникот назад“.
Ова прославено биро од Лондон донесе одлука (која всушнос и беше побарана од бирото), да ја напушти групата која е основана во 2019. година, бидејќи смета дека архитектите би требало да бидат вклучени во проектирањето на одржливи аеродроми.
Норман Фостер
„Foster + Partners се повлекоа од Архитектонската декларација затоа што од своето основање 1967. година поставивме зелен план и веруваме дека на воздухопловството, како и на секој друг сектор, потребна му е поодржлива инфраструктура за да ја исполни својата цел“, вели основачот на студиото, Норман Фостер за Dezeen.
„Земјоделието и воздухопловството нема да исчезнат, а и на двата сектори ќе им бидат потребни одржливи згради кои можат да ги проектираат само архитекти“.
Foster + Partners беше еден од основачите на манифестот на Архитектонската декларација заедно со 16 други истакнати британски студија, вклучувајќи ги и Zaha Hadid Architects. Од своето основање, британската група стекна над 1.000 потписници, додека нејзината меѓународна сестринска група има речиси 6.000 потписници во над 20 земји.
Одлуката е донесена по тензии меѓу членовите
Одлуката да се напушти оваа група донесена е по тензиите меѓу членовите, вклучувајќи ги Foster + Partners и Zaha Hadid Architects, кои продолжија да проектираат аеродроми. Поради тоа, тие беа на мета на критика: „архитекти од висок профил очигледно ги кршат климатските ветувања“, велат од групата.
Меѓутоа, Foster + Partners верува дека воздухопловството има улога во соочувањето со климатските промени и спречувањето на идните пандемии.
„Ние веруваме дека мобилноста е одлика на нашето време, а и на иднината со глобалното поврзување“, рече Фостер.
„Мобилноста на луѓето, стоките и информациите преку границите е многу важна. Само преку меѓународно координирана акција можеме да се соочиме со проблемите на глобалното затоплување и идните пандемии. Воздухопловството има витална улога во овој процес и ќе продолжат да го прават тоа. Не можете да го вртите часовникот назад “.
Граѓаните на Мексико Сити му кажаа одважно НЕ на аеродромот на Foster + Partners
Во меѓувреме, во 2018. година се случи референдумот на кој граѓаните на Мексико Сити одлучуваа за иднината на грандиозниот проект, токму на Foster + Partners во нивниот град. И граѓаните му кажаа одважно НЕ на новиот аеродром.
Несудениот аеродром требаше да чини 13.6 милијарди долари, но откако се искомпликуваа работите претседателот на Мексико, Андрес Мануел Лопез Обрадор го опиша како „дупка без дно“. Од другастрана гасењето на проектот граѓаните ќе ги чини „само“ 5 милијарди долари.
аеродромот во Мексико Сити
Претседателот Лопез Обрадор изјави дека резултатот на гласањто претставува „тријумф на еколошкото движење“.
На прашањето дали сметаат дека градењето на аеродромот треба да продолжи, дури 70% од гласачите заокружија „Не“.
Оригиналниот проект на аеродромот кој го потпишува бирото Foster + Partners беше прилагоден на потребите на големиот број корисници, односно 68 милини патници годишно, предвидено беше да се полетува од три писти. Работите започнати 2015, а требаше да бидат завршени до 2020 година.
Референдумот предизвика негодување кај најмоќните деловни луѓе во Мексико, милијардерот Карлос Слим изјави дека „укинивањето на проектот ќе доведе до укинување на економскиот развиток на земјата“.
Ова покажува дека се трошат вртоглави суми пари за правење мегаломански проекти, кои потоа имаат големи проблеми со одржливоста, а исто така Мексико застана заштита на интересеите на граѓаните, а не само бизнис интересите.
Queen Alia Airport во Јордан
Foster + Partners велат дека „заговарале зелена архитектура пред таа да биде именувана“
Бирото со седиште во Лондон го брани својот став за климатски промени, наведувајќи дека „имаат агенда на одржливост која се развива со децении“.
Смета дека проектите кои ги вклучуваат седиштето на Bloomberg во Лондон, Hearst Tower во Њујорку, Рајхстагот во Берлин и Masdar Institute во Абу Даби, ја покажвуваат нивната посветеност на поместување на границите на одржливата архитектура.
Исто така укажува на своите проекти на аеродроми, Stansted Airport во близина на Лондон и Queen Alia Airport во Јордан, како примери на одржливи аеродроми.
Stansted Airport во близина на Лондон
Foster + Partners под оган од климатската група
Потегот на Foster + Partners уследи по критиките за неговата одлука да проектира аеродроми, вклучително и аеродромот за опслужување луксузно одморалиште во Саудиска Арабија. Проектот ќе содржи „хангари контролирани со клима, кои ќе бидат достапни за приватни авиони“.
аеродромот во Саудиска Арабија
Од Архитектонската декларација одбија да ги критикуваат Foster + Partners изјавувајќи дека тоа е „принцип на неименување и засрамување на нашите колеги во индустријата“.
Сепак, Architects Climate Action Network, друга група, која се залага за порадикална климатска акција, го повика бирото или да си даде оставка како потписник на Изјавата на архитектите или да се повлече од проектирање аеродроми.