Насловна / Вести / Скопските градоначалници со здружени сили во борбата против нередот и загадувањето

Скопските градоначалници со здружени сили во борбата против нередот и загадувањето

Градоначалниците на 10 скопски општини и нивниот колега од Град Скопје потпишаа меморандум за соработка за заедничко вршење на надлежностите во делот на инспекцијата.

Skopje2

“За комуналниот ред и животната средина во Скопје повеќе не постојат административни граници и пречки. Инспекторите за животна средина, комуналните инспектори и комуналните редари од Град Скопје заедно со инспекторите и редарите од сите скопски општини се дел од еден заеднички тим. Ваквиот заеднички тим го формираме заради заштита на животната средина и природата, за преземање мерки за заштита и спречување на загадувањето на водата, воздухот, земјиштето, заштита од бучава и нејонизирачко зрачење утврдени во Законот за локална самоуправа. Нашата заедничка цел е воспоставување ефикасна и независна инспекциска служба, целосно елиминирање на просторот за злоупотреби, со повеќе казни за оние што не го почитуваат законот и повеќе едукација за граѓаните во превентивна насока. Затоа со овој меморандум ги поставуваме основите за заедничко институционално делување во делот на инспекцијата, го прошируваме и надградуваме тимот и го унапредуваме целиот процес пред формирањето на заедничка комунална полиција која во градови со големина на Скопје е повеќе од неопходна“, вели градоначалникот Шилегов.

Skopje1

Со воспоставувањето ефикасен систем на контрола врз почитувањето на законите, додаде тој, во овој дел се најавува бескомпромисна борба со сите фактори кои претставуваат закана за средината во која живееме, природниот амбиент, воздухот, водата и почвата кои мора да бидат заштитени заради заштита на здравјето на граѓаните.

Испрати коментар

Scroll To Top