Environment Insights Explorer е алатка на Google дизајнирана да им помогне на градовите да ја намалат температурата на нивните улици, а тоа не само што ќе му користи на самиот град, туку и ќе има позитивно влијание врз глобалните климатски промени. Google ги мапира градовите со најголема потреба од дополнителна вегетација, со цел да се намали затоплувањето.
Екстремното затоплување има едно од најголемите влијанија врз климатските промени, па покрај загадувањето на воздухот, тие се најмногу посочени во јавноста.
Со оглед на фактот дека појавата на урбани топлински острови станува се почеста поради големиот број згради и површини под асфалтот, кои ја задржуваат топлината, една од најадекватните активности што градовите можат да ги извршат е да се зголеми фондот за градско зеленило. Покрај заштитата на површините од прегревање со создавање сенки, зеленилото создава и дополнителна влага.
Имајќи го ова предвид, тимот од лабораторијата The Tree Canopy Lab користеле воздушни слики на Google во комбинација со вештачка интелигенција за мапирање на секое дрво во одреден град.
Со координирање на информациите добиени на интерактивната мапа со дополнителни податоци, каде е забележана густината на населението, како и кои населби се најчувствителни на високи температури, излезната информација ќе им помогне на градовите да откријат каде да засадат нови дрвја, пишува Domusweb.
Првото истражување е спроведено на територијата на Лос Анџелес, каде е откриено дека повеќе од половина од жителите на овој град живеат во населби каде помалку од 10 проценти се под сенката на дрвјата, додека 44 проценти од жителите живеат во населени места со ризик од екстремна топлина.