Од 1-ви јануари 2021 година, владата на Федерацијата на Босна и Херцеговина нема да ги продолжува договорите за субвенционирање на малите хидроцентрали, а веќе предвидените средства за таа намена ќе се пренасочат кон субвенционирање на други обновливи извори на енергија. Покрај оваа новина, во тек се и измени на Правилникот за постројки кои можат да бидат изградени и пуштени во погон само доколку поседуваат еколока дозвола, со та што Министерството за животна средина и туризам ќе ја превземе обврската за издавање на ваквите дозволи за капацитети поголеми од 150 kW.
Министерството за земјоделство, водостопанство и шумарство, работи на измени на Правилникот за еколошки прифатлив проток, со кој ќе се прецизира начинот на мерење на дозволениот проток во кој може да работи една мала хидроцентрала. Имено, целта е протокот да се мери во реално време и далечински да се отчитува во надлежните агенции за води, со цел тие да можат да реагираат во случај на непочитување на принципот на еколошки прифатлив минимален проток.