Насловна / Вести / Велосипедска патека Shimanami Kaido во Јапонија

Велосипедска патека Shimanami Kaido во Јапонија

Околу 45 минути од градот Хирошима сместен е необичниот пристанишен град Ономичи, познат по своите преубави храмови и ридови над морето. Овој град е почетна точка на единствена атракција, велосипедската патека Shimanami Kaido.

6

Aвтопатот Nishiseto често нарекуван Shimanami Kaidō (што во превод значи „Oстрово-бран-море“) е брз пат во Јапонија кој ги поврзува Onomichi, Hiroshimu и Imabari, Ehime, поминувајќи низ девете острови Geiyo, вклучувајќи ги Ōshima Umashima и Innoshima. Патот и повеќето мостови преку морето Сето еден е од трите главни сообраќајни врски на проектот, мостот  Honshū – Shikoku, изграден е помеѓу островите Honshu и Shikoku. Автопатот содржи 55 мостови, вклучувајќи го мостот Kurushima Kaikyō, најдолга серија на висечки мостови во светот и мостот Tatara, четврти најдолг мост на светот со сајли. Рутата е позната по своите сликовити погледи, а по неа можат да поминат велосипеди, мопеди, пешаци, како и автомобили. Оваа рута е отворена во 1999. година со четири одвоени ленти за пешаци и велосипедисти.

1

Рутата на патот и мостот проектирана е со интегрирана велосипедска патека која ги поврзува Onomichi во областа Hiroshima и Imabari во областа Ehime. Велосипедската патека е долга околу 70 километри, вклучувајќи рампи за пристап на мостот, а од отварањето станала една од најпопуларните јапонски велосипедски патеки.

3

Делови на патеката се мошне сликовити, доека се преминува преку интензивното синило на морето Сето и бујното зеленило. Целото возење за искусни велосипедисти може да трае еден ден.

7

8

9

Испрати коментар

Scroll To Top