Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лејен ги најави плановите за создавање на „нов Баухаус“ по примерот на некогашната влијателна школа за дизајн и архитектура, како дел од планот на Европската унија за опоравување од коронавирусот, кој подразбира буџет од 750 милијарди евра. Во своето неодамнешно обраќање, таа го претстави својот план со кој ќе започне културно и одржливо движење во Европската унија, пишува Dezeen.
„Ќе организираме нов европски Баухаус, како простор за заедничко создавање во кој работат архитекти, уметници, студенти, инженери и дизајнери“, изјави Урсула фон дер Лајен.
Нов културен проект за Европа
Баухаус, исклучително влијателната германска школа за дизајн, основана во 1919. година од Валтер Гропиус, ќе биде дел од инвестицискиот планот во генералниот план за закрепнување, NextGenerationEU во износ од 750 милијарди евра. Имено, германската политичарка фон дер Лејен објасни дека културата, како и одржливоста, ќе бидат во фокусот на планот за закрепнување на Европската унија.
„Сакам NextGenerationEU да започне европски бран на обновување и да ја направи нашата унија лидер во кружната економија“, вели, додавајќи дека „треба да го смениме начинот на кој се однесуваме кон природата“
„Нашето сегашни ниво на потрошувачка на суровини, енергија, вода, храна и употреба на земјиштето не се одржливи. Мораме да го смениме начинот на кој се однесуваме кон природата, како произведуваме и трошиме, живееме и работиме, јадеме и се грееме, патуваме и се транспортираме. Ова не е само еколошки или економски проект, ова би требало да биде нов културен проект во Европа “, објаснува Урсула фон дер Лајен.
Таа посочува дека градежништвото претставува област која мора да се направи значително поодржлива, во која не смееме да трошиме толку многу, а мора да биде и поодржлива. Исто така, поддржува поголема употреба на материјали засновани на дрво, како и вештачка интелигенција која може да се користи уште повеќе за да се направат зградите што е можно поодржливи.
Инвестирање во зелена иднина
„Знаеме дека градежната индустрија може да се направи позелена доколку се применуваат што е можно повеќе природни и органски градежни материјали како дрво, како и паметни технологии како што е вештачката интелигенција“, додава Урсула фон дер Лајен.
Во своето обраќање посочи дека 37 отсто од буџетот на NextGenerationEU директно ќе се потроши на целите на Европскиот зелен договор, што подразбира и намалување на ефектот на стаклена градина за 55 отсто до 2030 година.
Баухаус повторно јава
Баухаус тежнеел кон обединување на уметностите и занаетите. Иако Баухаус престана со работа во 1933. година, неговото наследство во вид на модернистичка естетика, како и интернационализам и општествена прогресивност, сè уште има влијание врз дизајнерите и денес. Во Европската унија се надеваат дека повторното физичко креирање на овој систем ќе има позитивно влијание врз закрепнувањето како на економијата, така и на културата и дизајнот во Унијата по пандемијата.