Црните sидови, вграден мебел од натур бетон и езерце за риби во светлосен бунар ја дефинираат Lost House, дом дизајниран од Дејвид Аџаје во лондонскиот King’s Cross.
Овогодинешниот добитник на Кралскиот златен медал Аџаје, ја дизајнирал „Lost House “ во 2004 година за модната дизајнерка Роксанда Илинчиќ и нејзиниот сопруг Филип де Мескита.
Куќата неодамна се појави на пазарот, давајќи можност да се види ентериерот на едно од раните дела на архитектот.
Сокриена позади неутрална фасада од тула во мала уличка, оваа куќа порано била користена како простор за складирање и имала и рампа за утовар. Архитектот ја претворил бетонската платформа во базен со повеќе нивоа со страни во црн колорит, која се наоѓа во главната спална соба каде доминираат пинк нијанси.
Зачувани се оригинални одлики на просторот. Во приземјето е сместена голема дневна соба, трпезарија и кујна со плафон со двојна висина. Посебен интересен простор на овој дом е зелената соба со проектор и филмско платно. Вградените полици и удобните софи го прават ова место идеален простор за одмор и уживање.
Големите стаклени sидови им овозможуваат на станарите да гледаат на рибникот кој се наоѓа во мал внатрешен двор. Дворот е украсен со тропско зеленило и претставува совршено бегство од секојдневието. Дрвената патека во дворот создава фантастична рамнотежа во просторот кој претежно е покриен со камења и бетон.
Бањата се наоѓа во непосредна близина на спалната соба, која има и своја мала посебна бања. Розовата боја на спалната соба е онаа што заедно со зелената кино просторијата ја оживува претежно темната внатрешност. Куќата има и мала канцеларија во домот, модерно опремена со доволно простор за работа и одмор.