Како дел од истражувачката работа на Brick Wall City, архитекти од бирото БЛАФ реализираа експериментален објект за домување во белгискиот град Гент. Нивното истражување се занимава со односот меѓу материјалот, конструкцијата и архитектурата, и со повторна примена на користените тули, тие успеале да создадат безвременска естетика.
Проектот се базира на примена на стандардите за енергетска ефикасност, усвоени во 2006 година, за што архитектите од бирото BLAF забележаа дека доведоа до фактот дека материјалите за завршување на фасадата станаа потенки и полесни, па дури и поевтини. Забележаа дека постои растечки тренд на лепење плочки во форма на цигли на фасадите, што, на крајот на животниот век на зградата, ќе биде многу тешко да се оддели, што ќе доведе до огромна количина неупотреблив отпад, пишува Designboom.
Со цел да се покаже дека сè уште е можно да се дизајнира во согласност со животната средина, но почитувајќи ги принципите на енергетска ефикасност, нивниот истражувачки проект за куќа наречена gjG е изграден во шумичка покрај автопатот и е дел од градината на поранешна вила од 19 век. Откако одлучиле дека рециклираните тули ќе бидат примарен градежен материјал, архитектите ја разгледале формата на основата на куќата, како и нејзината форма. Архитектите на BLAF се одлучија за закривен облик на зградата од повеќе причини.
Првенствено, тие не сакале да се сечат дрвја на парцелата, па куќата е обликувана околу дрвјата. Друга причина за заоблената форма е автономијата на конструкцијата. Стабилноста на надворешните sидови постигната на овој начин овозможи да се елиминира потребата за попречни носечки sидови. Третата причина е „акустична удобност“ во внатрешноста на куќата.
Внатрешното структурно склопување на куќата е изработено од комбинација на дрво и челик, каде што во едниот дел куќата има три ката, додека во другиот дел е организирана од висок атриум од тули.