Оваа куќа ги обединува концептите на одржливиот развој, обновливите извори на енергија и енергетската ефикасност. John Andriolo имал желба да направи дом кој постојано ќе го следи сонцето, и бил упорен во напорите да ја оствари. Girasole е првата ротирачка куќа во Австралија. Добила име по италијанските зборови „gira“ – да се движи и „sole” – сонце.
Направена е по примерот на првата ротирачка куќа изградена во Италија (во Верона). Целата конструкција на куќата е конструирана така што може да ротира во полн круг од 360 степени. Идејата е мошне едноставна – во текот на зимата куќата го следи сонцето на хоризонтот и ја користи сончевата енергија за пасивно греење. Во текот на летото куќата се врти обратно од сонцето, со цел да ги избегне топлинските добивки од сончевото зрачење.