Насловна / Вести / Наскоро не очекува и суперавтомобил на електричен погон

Наскоро не очекува и суперавтомобил на електричен погон

Во светот на електричните автомобили се појави нов играч. Elation Hypercars Inc.  со седиште во Калифорнија, своето место на пазарот сака да го заземе со својот суперавтомобил наречен Freedom (Слобода), кој со моќност од 1.040 kW би требало да биде исклучително брз. Компанијата сака да стане прв американски производител на луксузни електрични автомобили, а прв чекор им е моделот Freedom, создаден благодарение на  „мудрите аргентински умови” Карлос Сатулвски и Мауро Серавија, основачи на компанијата.

Тимот инжинери кој стои зад овој проект има искуство од Формула 1 и уште неколку европски тркачки серии. Elation истакнува дека рачно изработениот Freedom ќе има шасија од јаглеродни влакна и дека ќе биде опремен со три електромотори. Ќе има погон на сите четири тркала. Постои и опција за четврт мотор, со што моќноста би се зголемила на неверојатни 1.400kW. Верзијата со три мотори ќе има маса од 1.650 килограми. Внарешноста на автомобилот е инспирирана од кокпит на борбен авион. Има дигитален екран, минималистичка централна конзола, а некои детали од енетериерот клиентите сами може да ги одберат.

Во понудата ќе бидат батерии кои ќе овозможуваат домет од 482 до 644 километри. Забрзувањето од 0-100 километри на час ќе се достигнува за 1,8 секунди, а максималната брзина ќе изнесува 418 километри на час.

elation1

elation2

elation3

 

Испрати коментар

Scroll To Top