Користењето на глина за ладење по природен пат е позната low-tech метода која се користи со векови. Швајцарскиот дизајнер Tibo Faveri го користи токму овој концепт и прави природен и едноставен клима уред кој користи глина и испарување во функција на ладење на просторот.
Работи на следниот начин: Cold Pot е саксија од теракота, чија порозна површина ја апсорбира водата и ја истиснува на надворешната страна. Во контакт со воздухот водата испарува, а фазната промена резултира со ладење на објектот и внатрешната алуминиумска цевка низ која струи воздухот. Овој уред е исклучително евтин бидејќи користи само два литри вода за ладење на воздухот во интервал од 8 до 10 степени, тврди дизајнерот.
Извор: Treehugger