Насловна / Вести / Загреб ќе врши реконструкција на топлификациската мрежа со средства од ЕУ

Загреб ќе врши реконструкција на топлификациската мрежа со средства од ЕУ

Хрватското електростопанство (Hrvatska elektroprivreda – HEP), ќе го употреби најголемиот досега грант од фондовите на Европската унија, во вредност од 55,8 милиони евра, за ревитализација на 68,5 километри топловоди во Загреб. Вкупната вредност на овој проект е 73,5 милиони евра. Остатокот ќе биде обезбеден од сопствени извори. Договорената ревитализација на речиси две третини од топлификациската мрежа на Загреб, ќе го унапреди снабдувањето со топлинска енергија. Инаку, Хрватското електростопанство преку својот огранок HEP Тoplinarstvo снабдува над 100.000 домаќинства во Загреб. Во изминатите три години HEP добил околу 132 милиони евра од ЕУ фондовите.

Компанијата соопштува дека реконструкцијата ќе опфаќа бесканално поставување на предизолирани цевки, наместо класичната изведба на челични топловоди во бетонски канали. Се проценува дека загубите на топлинска енергија во дистрибуцијата ќе се намалат за 28%, а загубите на вода во системот за 47%. Дополнително, компанијата пресметала дека и бројот на интервенции поради дефекти во дистрибутивната мрежа ќе се намали за 90%.

toplinarstvo1

toplnarstvo2

toplinarstvo3

Испрати коментар

Scroll To Top