Брачна двојка од Литванија, Дарија и Каролис, почнаа бизнис пред две години. Нивната идеја беше да создадат ексклузивни чорапи за секојдневна употреба. Како одминуваше времето, тие сфатија дека сакаат нивниот производ да биде еколошки, односно да не и штети на планетата Земја. По долго истражување откриле дека постои плетење направено од рециклирани пластични шишиња и во тој момент започнало нивното возбудливо патување.
Дарија и Каролис развија свој бренд на еко чорапи. ŪKAI чорапите имаат позитивно влијание на планетата Земја и на луѓето што живеат на неа, бидејќи со купување на еден пар чорапи директно помагате да се отстранат 51 пластично шише од океанот. 50 од шишињата ќе завршат во Банката за пластика, а едното се користи за изработка на чорапите.
Од едно пластично шише се прави рециклирана плетена облека од која се прават чорапи. Овој материјал, заедно со органски памук, полиамид и еластин, прави добитна комбинација. Чорапите се меки и удобни за нозете.
Со купување на чорапи ŪKAI, не само што помагате да отстраните 51 пластично шише од океанот, туку и ја поддржувате Банката за пластика. Дарија и Каролис дел од парите од секој пар продадени чорапи даваат на оваа организација, со што помагаат да се одржуваат океаните почисти.
Дизајнот на производот е инспириран од природата, пастелните тонови и апстрактната уметност и нè потсетува да не го игнорираме она што моментално се случува во океаните.
На пример, дизајнот со модели на крави ги симболизира сите животни кои сега живеат во „светот на пластиката“, додека геометриските форми во црна, бела и светло сина боја претставуваат чиста вода.
Чорапите ŪKAI се направени исклучиво од органски и рециклирани материјали кои ги исполнуваат највисоките стандарди и со тоа гарантираат долговечност.
Чорапите ŪKAI се направени од материјали што не користат вода и хемикалии и ги намалуваат емисиите на јаглерод диоксид и потрошувачката на енергија. Секако, тие доаѓаат и во еколошко пакување, па кутијата е направена од рециклирани материјали.
Цената на еден пар чорапи е 12 евра, а изработени се во две големини на унисекс за возрасни (36-40 и 41-46).
“Зошто го започнавме овој проект? Затоа што ја цениме природата и не можеме да го игнорираме она што се случува во океаните. Милиони пластични шишиња завршуваат секој ден во океанот, а само 38 проценти можат да се рециклираат. Затоа денес живееме во светот на пластиката. Ова чувство на фрустрација ќе се промени ако преземеме нешто заедно “, велат креаторите на чорапи.