Насловна / Вести / Србија и Република Српска градат три хидроцентрали на Дрина во вредност од 200 милиони евра

Србија и Република Српска градат три хидроцентрали на Дрина во вредност од 200 милиони евра

Премиерите на Србија и Република Српска потпишаа во Бања Лука заедничка изјава за реализација на проектот ХЕС „Горна Дрина“. Со реализацијата на овој проект, односно хидроенергетски систем,  предвидена е изградба на три хидроцентрали во горниот тек на Дрина. Планираниот рок за изградба за сите три централи е шест години. Вредноста на проектот е 200 милиони евра, од кои Република Српска учествува со 49% а Србија со 51%. Надлежните уверуваат дека проектот ќе биде во согласност со сите норми за заштита на животната средина. Отстапувањето на управувањето со овој систем на Србија, поради мнозинскиот удел, е спорно за федеративните власти во Босна и Херцеговина. Имено, надлежните тврдат дека шумите, водите, земјоделското и друго земјиште се исклучиво надлежност на државата и Република Српска нема право самостојно да одлучува по овие прашања.

gornjadrina1

gornjadrina2

gornjadrina3

 

Испрати коментар

Scroll To Top