Насловна / Вести / Во Барселона 21 раскрсница ќе се претвори во парк

Во Барселона 21 раскрсница ќе се претвори во парк

Властите во Барселона одлучија секоја трета улица во центарот на градот да ја претворат во парк или пешачка зона со цел да се намали загадувањето, а само жителите на тие улици ќе имаат можност да поминуваат со автомобили.

Barcelona2

Планот е да се постигне ова со поставување жардињери и клупи, како и проширување на патеки за велосипеди, игралишта и зелени површини. Бројни места за паркирање во Барселона, исто така, ќе бидат претворени во паркови за пешачење.

Овој проект ќе се реализира во следните 10 години и, според проценките, ќе чини 44 милиони долари. Бидејќи сообраќајот ќе биде ограничен на секоја трета улица во центарот на градот, планот е 21 раскрсница во Барселона да се претворат во јавен плоштад, што ќе обезбеди секој дел од населбата да е оддалечен помалку од 200 метри од паркот.

Barcelona3

Споменатата иницијатива е во согласност со проектот Superblocks, кој предвидува создавање мрежа што ќе вклучува групи од девет градски блока во кои автомобилите се забранети, а инфраструктурата е прилагодена на пешаците.

Суперблоковите треба претежно да бидат забранети за автомобилите, а планот е тие да бидат оаза за бегство од градската врева, што е особено амбициозен план за град со шест илјади автомобили на километар квадратен, освен комбиња и мотоцикли. Само станарите на тие блокови ќе може да возат автомобили низ тие делови.

Barcelona1

Во овој момент, шест суперблокови се преуредени според овој принцип, а во моментов се планираат уште 11.

“Сакаме Барселона да биде одржлив град, да биде град за живеење“, вели Женет Санц, заменик-градоначалник за екологија, урбанизам и мобилност.

Овој амбициозен план има за цел првенствено подобрување на здравјето на жителите преку создавање паркови, што треба да им го олесни одењето на жителите, да им овозможи да возат велосипеди, но и да ги намали загадувањето на воздухот и бучавата.

Испрати коментар

Scroll To Top