Насловна / Архитектура / Павилјонот на Кенго Кума во Токио се подготвува да се сели на планините

Павилјонот на Кенго Кума во Токио се подготвува да се сели на планините

Во срцето на квартот Харуми,Токио, Кенго Кума и соработниците (ККАА), фирма за архитектура со седиште во Јапонија, проектирале полуотворен и привремено поставен павилјон за уметнички перформанси, настани и изложби, кој ќе биде демонтиран и пренаменет за уште еден павилјон, кој ќе се смести во националниот парк Хирузен во јапонската административна област Окајама. Слично на врвот на планината во Хирузен, павилјонот на Кенго Кума е изграден и слоевит на начин што прикажува спојување на карпеста планина и стаклена градина преплавена со сончева светлина.

0_resize 2_resize

Проектантите на привремениот павилјон користеле челична рамка како основа на конструкцијата, која е прекриена со CLT панели за да се создаде повеќеслојна фасада која спирално се движи кон отворено небо.

02_resize

Панелите од ламелирано дрво CLT или Cross-Laminated Timber привлечни се со својот префабрикуван, монтажен, лесен, но сепак издржлив квалитет и нивниот уреден процес при вгардување, кој има мало влијание врз животната средина.

01_resize

Додека панелите CLT формираат цик-цак-шема и се преклопуваат едни со други во процесот на ортогонално лепење, остануваат отворени празнини кои е потребно да се покријат. Подготвувајќи се за лоши временски услови, ККАА празнините ги затвориле со проѕирни парчиња филм наречен TEFKA. Во образложението за примена на TEFKA, д-р Кенго Кума вели дека филмот отпорен на временски услови „е полесен од стаклото и е толку податлив што може да се тркала за да се транспортира. Тоа е [идеалниот] материјал за преселување и реконструкција. Исто така, има совршена транспарентност што ја баравме “.

3_resize

Со имплементација на проѕирен пластичен филм налик на стакло за одржување на внатрешниот простор на павилјонот, заедно со цик-цак панелите CLT, сенките на сончевата светлина го претвораат овој јавен павилјон во блескав шумски лавиринт за време на сончевите часови.

5_resize

Покрај тоа, во внатрешноста на изложбата, див е природниот свет и шумите. Во простории како „Собата на шумите“, вкрстените плочи од дрво наликуваат на торнадо, потсетуваат на монолитна енергија и долговечноста на шумите. Панелите CLT се изработени од Meiken Lamwood Corporation во Манива, користејќи дрво од јапонски чемпреси, добиени од Окајама, каде што тимот на Кенго Кума планира преместување на својот полу-отворен павилјон.

1_resize

Од материјалите користени за изградба на овој заенички, природен простор, до претстојното големо преселување до корените на CLT паркот, се заедно е потсетување за тоа колку сме блиски на природниот свет и за неизбежното патување назад за секој од нас.

11_resize

7_resize 6_resize 9_resize 10_resize 8_resize

Испрати коментар

Scroll To Top