Во Музејот на Југославија во Белград од 2. декември ќе се биде отворена изложба „Алан Форд го трча почесниот круг“, која е еден од најпосетуваните словенечки културни настани во 2019 година.
На изложбата „Алан Форд го трча почесниот круг“ ќе бидат прикажани 152 оригинални табли од раниот период (1969-1975), кога на стрипот работел препознатливиот италијански авторски двоец Магнус-Бункер, како и три насловни цртежи од Паоло Пифарери.
Историја на стрипот „Алан Форд“
Првиот број на „Алан Форд“ е објавен во мај 1969. година. Осмислен е од Лучано Секи – Макс Бункер, како сценарист и цртач Роберто Равиола Магнус. Една година подоцна, овој сатиричен стрип ја освои наклонетоста на публиката низ цела Југославија, поради неговите впечатливи цртежи, духовити дијалози и вешта иронија, како и исклучителниот превод на Ненад Брикси.
„Стрипот ги исмеваше сите корумпирани, неспособни и изманипулирани луѓе во светот. Никого не штедеше. Тој ги обработи убавите и грдите, богатите и сиромашните, чесните и крадците. Настаните во стрипот се апсурдни, изненадувачки, духовити и апсолутно политички некоректни. Некои цитати станаа дел од секојдневниот говор, така можеме да го препознаеме неговото влијание во музиката (Прљаво казалиште) и на филмот (Маратонците го трчаат почесниот круг, Кој тоа тамо пее). Денес, стрипот е подеднакво интересен поради моменталната општествено-политичка состојба, па многумина го доживуваат речиси пророчки“, објаснува авторот на изложбата, Рок Главан, колекционер на стрипови од Словенија.
Организација на изложбата
Изложбата ја организираат Музејот на Југославија и Институтот за култура и образование од Љубљана, во соработка со Националната галерија на Словенија, Италијанскиот институт за култура во Белград и Кинотеката на Југославија.
„Многу сме среќни што сме домаќини на оваа запазена изложба. Алан Форд е несомнено еден од феномените кои го карактеризираат југословенското наследство и југословенското искуство. Затоа, би сакала да им се заблагодарам на сите соработници, донатори и спонзори кои ни помогнаа во оваа година да ја реализираме изложбата и покрај сложените околности “, изјави директорката на Музејот на Југославија, Неда Кнежевиќ, во пресрет на отворањето на изложбата.
На изложбата ќе бидат претставени и ретки изданија на стрипот „Алан Форд“ од колекцијата на Маријан Матиќ и Марио Рељановиќ. Изложбата ќе биде отворена до 31. јануари 2021. година.