Насловна / Архитектура / „Палатата на шеќерот“, најубавата деловна барокна зграда во Хрватска, сега стана музеј

„Палатата на шеќерот“, најубавата деловна барокна зграда во Хрватска, сега стана музеј

Риека е град чиј урбанистички развој го дефинирала индустријата. Индустријата е присутна во градот над 300 години, и таа го формирала и во економска и во политичка и во културолошка смисла, останувајќи константа до денешен ден, и покрај фактот дека во последните 30 години многу фабрики биле затворени, а бродоградилиштето и пристаништето ја изгубија својата водечка улога на „економски мотор“. Она што останало врз рушевините на приватизацијата од 90-тите години, како и глобалниот процес на деиндустријализација на Европа, е т.н индустриско наследство. Во конкретниот случај, станува збор за поранешниот фабрички комплекс Rikard Benčić, кој неодамна е трансформиран во своевиден „арт кварт“, во кој веќе е сместен Музејот на модерна и современа уметност, а наскоро ќе му се придружи и музејот на град Риека, Детската куќа и Градската библиотека Риека. Целокупниот проект на вложување во овој комплекс, вклучувајќи ги и инвестициите во инфраструктурата и јавните површини, чини 33 милиони евра, од кои околу 13 милиони евра се обезбедени од европските фондови. Станува збор за инвестиција која е дел од проектот „Риека 2020 – Европска престолнина на културата“.

bencic1

bencic2

bencic3

Приказната за овој комплекс почнува од една барокна зграда, која во 270-те години на нејзиното постоење не била доволно позната за јавноста. Тоа е т.н „Палата на шеќерот“, поранешна управна зграда на Рафинеријата за шеќер, која подоцна е трансформирана во фабрика за тутун, и на крајот фабрика за мотори. Станува збор за најголемата барокна деловна зграда во Европа, заштитена како културно наследство, сега го живее својот втор живот. Само инвестицијата во оваа зграда чинела околу 10 милиони евра, од кои 85% се неповратни средства од ЕУ фондовите. Изградбата на Палатата во 1752 година, е финансирана од страна на холандската компанија Arnoldt & Co, и во тоа време зградата била на самиот брег. Откако пропаднала фабриката Rikard Benčić, конзерваторите под слоевите боја откриле барокни фрески, кои денес се во целост реставрирани во централната сала, и претставуваат една од главните атракции на музејот. Постојаната поставка на музејот е распоредена во 30 простории на два ката од зградата, и ја опфаќа економската, политичката, културната, научната и спортската историја на Риека, која започнува од 1719 година кога градот станал слободно кралско пристаниште, и се протега до денес.

bencic5

bencic4

bencic6

Може да се видат печати од компаниите на риечките индустријалци, но и  да се слушнат поп и рок хитовите од 50-тите и 90-тите години на минатиот век. Посебна соба е посветена на седумте држави од кои Риека била дел низ својата историја, а исто така има и соба посветена на НОБ. Изложена е и оригиналната печатарска машина со примерок на Primorski vjesnik, кои излегално бил издаван од страна на риечките антифашисти. Приказната наречена „шеќер, хартија, челик“ е посветена на материјалите кои ги одбележиле трите карактеристични индустриски периоди на градот преку Рафинеријата за шеќер, Фабриката за хартија и леарницата и бродоградилиштето.  Собата наречена Sve za dom, ги води посетителите во ентериерите на риечките станови, па изложени се парчиња автентичен мебел, храна и лекови со декларации од тогашните локални фабрики и сл. Како главна нишка на сите изложбени соби и експонати е темата на шеќерот, а среќна околност за стручњаците кои работеле на збирката е што во Техничкиот музеј во Виена е пронајден изворниот риечки калап за производство на шеќер. Така се споени конците кои ги спојувале Виена, Риека и Антверпен, и пронајдени се главните протагонисти, нивните биографии, рутите на извоз на шеќер и сл.

bencic7

 

Испрати коментар

Scroll To Top