Јапонската влада и додели на компанијата Honda безбедносен сертификат за проектот Traffic Jam Pilot. Од компанијата велат дека тие ќе бидат првите што ќе влезат во сериско производство на автономни возила со четврти степен на автономија. “Honda планира да започне со продажба на луксузниот седан Honda Legend, опремена со уреди за автоматско возење, до крајот на март 2021 година“ се вели во соопштението на компанијата. Трката за производство на целосно автономни возила трае веќе подолго време во светот на гигантите од автомобилската индустрија. Најблиску до таа цел досега е Tesla, со моделот Full Self Driving Beta. Сепак, некои критичари укажуваат дека името на овој модел е злоупотребено, бидејќи не станува збор за целосна автономија, туку сепак возачите треба да внимаваат на патот.
Според тврдењата од Honda, Traffic Jam Pilot технологијата значи целосна автономија, односно станува збор за автономија од четврти степен. Инаку, постојат шест нивоа на автономија означени од 0 до 5. Ознаката „0“ ги покрива класичните автомобили со возач, додека „5“ претставува целосна автономија кај возила на кои не им се потребни волан, кочници или педали за гас. Во моментот на сообраќајниците е дозволено второто ниво на автономија, што значи дека иако сите функции на автомобилот се автоматизирани и автономни, но сепак е потребно внимание на возачот во случај на некои непредвидени настани.