SMR конзорциумот од Велика Британија, предводен од компанијата Rolls-Royce, меѓу останатото, очекува отворање на шест илјади работни места во следните пет години, доколку тамошната влада одлучи да даде зелено светло за изградба на 16 мали модуларни нуклеарни реактори во следните 20 години. Моќноста на секоја од овие нуклеарни електрани ќе изнесува 440MW, што е доволно за нискојаглеродно снабдување со електрична енергија на 450.000 домаќинства во Велика Британија во текот на периодот од 60 години, соопштуваат од Rolls-Royce. „Развивме производство и монтажа кои ќе ја направат подостапна нуклеарната енергија“, рекол главниот извршен директор на SMR конзорциумот. Инаку, покрај Rolls-Royce, SMR конзорциумот го сочинуваат Assystem, Atkins, BAM Nuttall, Jacobs, Laing O’Rourke, Националната нуклеарна лабораторија, Nuclear AMRC (истражувачки центар за напредно нуклеарно производство) и TWI.