Грчката компанија Gastrade SA, потпиша спогодба за продажба на 20% од акцискиот капитал на грчката компанија DESFA S.A, која е сопственик и национален оператор на системот за пренос на природен гас во Грција. Gastrade SA, развива пловечки терминал за ТПГ во Александрополис во Грција, кој ќе биде нов независен енергетски јазол за пазарите на југоисточна и централна Европа. Станицата ќе се наоѓа 17,6 километри југозападно од пристаништето Александрополус и ќе има капацитетот на складиштење на ТПГ од 170.000 метри кубни, и капацитет за снабдување со природен гас од над 5,5 милијарди кубни метри годишно. Пловечката единица ќе биде поврзана со Националниот систем за природен гас на Грција , преку 28 километри долг гасовод, a гасот ќе биде транспортиран на пазарите на Грција, Бугарија и поширокиот регион – од Романија, Србија и Македонија, до Унгарија, Молдавија и Украина. Овој терминал за ТПГ е Европски проект од заеднички интерес (PCI-EU уредба 347/2013), и е еден од приоритетните проекти на Европската унија, кој означува сигурност во снабдувањето и ги диверзифицира изворите и рутите на снабдување со енергија. Проектот ги поддржува, дополнува и е во согласност со другите постоечки или планирани клучни проекти од областа на гасната инфраструктура во регионот, како што се грчко – бугарскиот интерконектор (IGB), TAP, Интерконекторот Бугарија – Србија (IBS), Интерконекторот Грција – Македонија, подземното складиште на гас во Кавала и терминалот за ТПГ Ревитуса.
Заедно со Ревитуса, проектот обезбедува единствена инсфраструктура за снабдување со природен гас во регионот независно од преносот на гас низ Турција. Со своето учество во проектот, DESFA ќе помогне со експертиза и во управувањето со новиот терминал, и ќе има клучна улога во ширењето на потрошувачката на ТПГ во регионот, како и оптимизација на снабдувањето, нудејќи им на споменатите пазари диверзификација, конкурентност и флексибилност. Акционери во компанијата DESFA се SENFLUGA S.A. (Snam S.p.A., Enagas S.A., Fluxys и DAMCO S.A.) со удел од 66% и Република Грција со 34%. Се очекува терминалот за ТПГ во Александропулос да започне со работа во почетокот на 2023 година.