Насловна / Арт и дизајн / Промовирана монографијата Имагинација >> ДИЗАЈН << Технологија

Промовирана монографијата Имагинација >> ДИЗАЈН << Технологија

Студентите и професорите од насоката Индустриски дизајн при Машинскиот факултет – Скопје, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје одржаа дигитална промоција и изложба на Монографија во која се содржани одбрани дела на студентите од неколку претходни академски години.

masinski

Проф. д-р Татјана Кандикјан, под чија палка се реализирала изработката, организацијата и презентацијата на оваа Монографија насловена Имафинација >> Дизајн << Технологија, потенцира дека на овој начин се дава увид на студиите и студентите од насоката индустриски дизајн на Машинскиот факултет, нивниот напредок и се дава пример за создавање уште подобри креативни проекти во наредните генерации. “Најзаслужни за овие проекти се студентите кои се непресушен извор на идеи, професорите кои ги насочуваат и им даваат поддршка и  фирмите кои помагаат во нивната реализација. Се надевам дека оваа изложба ќе им биде портфолио на нашите студенти за нивните идни успеси, вработувања, нивниот професионален развој’, вели проф.д-р Татјана Кандикјан. Професорите се надеваат дека иновативните проекти на студентите од насоката Индустриски дизајн ќе бидат предизвик за компаниите.

На настанот, од страна на студенти беа презентирани најновите иновативни дизајни на светилки, мебел, техника, играчки, декоративни предмети и низа други производи изработени од вештите раце на младите дизајнери. Во процесот на дизајнирање применети се дизајнерски методи за анализа и прибирање на податоци, а сето тоа е преточено во уникатни производи со користење на современи алатки и техники.

Линк кој води до страната каде е поставена дигиталната Монографија е: https://bit.ly/3n8Lwgc

Слика за медиуми Монографија

Испрати коментар

Scroll To Top