Реинтерпретирајќи го начинот на живот карактеристичен за средината на минатиот век, португалската компанија Ottiu произведува уникатни тапацирни парчиња мебел со извонреден дизајн. Секое парче раскажува гламурозна приказна за холивудската златна ера.
„Времето во класичниот Холивуд било континуирано, линеарно и униформно …“, велат од компанијата.
Ottiu клиентите ги носи во време во кое тие забораваат на светот надвор и влегуваат во својот.
Специјализирани занаетчии ги создаваат парчињата мебел, а секое парче е создадено како уникатно уметничко дело. Од основата во рачно изработена структура од цврсто дрво до посебните детали за висококвалитетната завршна обработка.