Насловна / Вести / До 20 пати поголеми казни за загадување на животната средина

До 20 пати поголеми казни за загадување на животната средина

До 20 пати поголеми казни за загадување на животната средина предвидува Предлог-измената на Законот за прекршоци кој го усвои Владата на седница.

Со предлог-законското решение за измените во Законот за прекршоци се регулира зголемување на глобите (до 20 пати поголема од сега регулираната казна), од областа на животната средина соодветно на причинетата штета предвидени со материјалните закони. Измените ги регулираат прекршоците кои се однесуваат на непочитување на пропишаните стандарди од областа на животната средина, а кои се однесуваат на загадувањето на човечката средина предизвикана од човечките активности.

zagaduvanje

Задолжителното уогласување на прописите од областа на животната средина со постојниот Закон за прекршоци ќе доведеше до намалување на постојните прекршочни санкции. Затоа Министерството за животна средина и просторно планирање и Министерството за правда пристапија кон изменување на Законот за прекршоците со цел обезбедување на потребното заострување на казнената политика во областа на животната средина.

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини очекува дека сите ќе ги поддржат измените на Законот за прекршоци кои овозможуваат зголемување на глобите за прекршоците во животната средина, сторени како од правни лица, така и од поединци. “Со ова целиме кон обезбедување поголема заштита на животната средина. Се надевам дека ќе бидат усвоени повисоките казни и обврската за надоместување на сторените штети, со што ќе се  намали и загадувањето и несовесниот однос кон животната средина“, додава Нуредини.

Испрати коментар

Scroll To Top