Град во Австралија кој е напуштен пред 70 години, е понуден на продажба. Станува збор за оддалечениот град Cossack, во западниот дел на Австралија, во кој жителите работеле во индустријата за бисери, но со времето популацијата го напуштала овој град и заминувала во големите градови. Индустријата базирана на собирањето бисери довела до основање на градот во 1880-тите години, а во 1895 година тој имал повеќе од 1.000 работници и 57 пловила за „лов на бисери“. Сепак, градот е напуштен пред 70 години и денес има само двајца жители кои поседуваат кафуле. Гости им се луѓето кои ги посетуваат блиските патеки за пешачење и плажите, или пак доаѓаат поради јавањето коњи. Целиот град е во сопственост на владата, но понуден е на продажба без цена. Владата сака да добие понуди од оние кои се подготвени да вложат во развој на туризмот.